mksqen
26
Пет, Апр
0 Нови / 7 дена

Подводен кабел ќе ги поврзе електро мрежите на Египет, Кипар и Грција

Подводен кабел ќе ги поврзе електро мрежите на Египет, Кипар и Грција

Типографија

Се работи за студија за поставување подводен електричен кабел што би ги поврзал електро мрежите на Египет, Кипар и Грција со остатокот на Европа.

Ова го изјави шефот на тој проект.

Настос Кторидес кој е шеф на проектот Интерконектори Еуро Африка, изјави дека станува збор за поставување кабел долг 1.650 километри и капацитет од две илјади мегавати преку кој ќе се прима и испраќа струја.

Реализацијата на тој проект ќе трае 36 месеци по завршување на физибилити студијата.

Египетските власти потпишаа договор за продолжување на студиите за тој проект.

Кторидес нагласи дека води и друг проект за подводен електричен кабел што ќе ги поврзе Израел, Кипар и Грција. Изградбата на тој проект со кабел долг 1.520 километри треба да почне оваа година и да биде завршен во 2022 година. Проценките се дека првата фаза од Интерконектори ЕуроАзија е 3,5 милијарди евра.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Свет