mksqen
19
Пет, Апр
0 Нови / 7 дена

Студен бран низ Европа: Франција нема струја, Грција е без вода

Студен бран низ Европа: Франција нема струја, Грција е без вода

Типографија

Поларниот студ, проследен со снежно невреме и ниски температури, што ја зафати Европа и натамму созфава проблеми во делови на европскиот континент.

Поради снежното невреме, околу 32.500 домаќинства во Франција останаа без електрична енергија.  Претставник на електродистирбутерот „Ендис“ изрази надеж дека во најскоро време дефектите ќе бидат отстранети и дека ќе биде возобновена дистрибуцијата на електрична енергија.

Снегот предизвика проблеми во сообраќајот на повеќе патни правци во централна Европа, а поради појавата на мраз на реката Дунав во застој или во целосен прекин е речниот сообраќај, особено во нејзиниот долен тек.

Околу 150.000 жители на градот Волос во централна Грција веќе трет ден се без вода, поради напукнување на водоводните цевки како последица на ниските темпертаури. Проблеми со водсоандувањето има и во Солун, поради што градските власти апелираа до граѓаните да штедат вода.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Свет