Вработените во зоолошката градина во Лондон ја почнаа својата најтешка годишна задача, да ги пребројат сите единки во градината во која живеат над 700 животински видови.
Се бројат сите животни без разлика на големината, од најмалите безрбетници до големите цицачи, и ова се прави секоја година во главниот град на Велика Британија.
Некои принови се познати, како четирите изведени пилиња пингвини Хамболд, и двете суматрански тигарчиња Ахил и Карис. Пребројувањето трае околу една недела, и е дел од договорот за зоолошката да ја задржи својата дозвола за работа. Информациите што се собираат на овој начин потоа се споделуваат со други зоолошки во светот за да се искористат за заштита на загрозените видови.
- Ова е можност за сите наши тимови да пребројат колку единки имаме во секој оддел на градината. Во зоолошката живеат 712 вида и околу 18.000 животни - вели менаџерот Марк Хабен.