mksqen
20
Саб, Апр
0 Нови / 7 дена

Франција забранува пестициди во парковите

Франција забранува пестициди во парковите

Типографија

Од почетокот на новата година во Франција ќе биде забранета употребата на пестицидите на јавните зелени површини.

Новата мерка е дел од поширока програма што ја усвои францускиот парламент, а која опфаќа и забрана за користење пластични ќеси за зеленчук.

Забраната на употребата на пестицидите се однесува на јавните паркови, градини и на шумите. На локалните власти се уште ќе им биде дозволено да користат пестициди на зелените површини на гробиштата.

Новиот закон исто така предвидува забрана на употребата на пестициди во приватните градини од 2019 година.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Свет