mksqen
19
Пет, Апр
0 Нови / 7 дена

И Mадрид воведува пар-непар поради загадувањето

И Mадрид воведува пар-непар поради загадувањето

Типографија

Градската власт на Мадрид се надева значително да го намали загадувањето на воздухот, откако по првпат го ограничи движењето на автомобилите според бројот на регистерските таблички.

Мадридските власти соопштија дека со некои исклучоци на автомобилите со парни броеви денеска нема да им се дозволи да се движат по коловозите меѓу 6.30 и 21 часот.

Веќе се воведени и други мерки, вклучувајќи ја и забраната за паркирање на автомобилите по улиците, што се сопственост на луѓе кои не живеат во шпанската престолнина, и ограничување на бризината на движење.

Градската управа, исто така соопшти дека мерките ги применува заради наднормалните нивоа на азотен диоксид.

Воведувањето пар-непар за возилата е една од најчестите ургентни мерки што ги преземаат градовите кога значително ќе се зголеми нивото на загаденост на воздухот. Претходно неделава ја воведоа властите во Сараево, БиХ, но ја укинаа по само еден ден.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Свет