mksqen
18
Чет, Апр
0 Нови / 7 дена

Кинески остров затрупан од ѓубрето што го носи реката Јангце

Кинески остров затрупан од ѓубрето што го носи реката Јангце

Типографија

Големи купишта ѓубре, од игли до скршени шишиња, се натрупуваат на остров близу Шангај, откако два брода наводно исфрлиле околу 100 тони отпад во реката Јангце, открива весникот Шангај Дејли.

Забрзаниот индустриски раст на Кина предизвикува тешкотии во управувањето со отпадот, што доведува до испуштање отровни материи во реките и големо загадување на воздухот.

Отпадот се натрупувал на островот Чонминг уште од почетокот на ноември, во близина на еден од четирите најголеми резервоари за вода од кои се снабдува Шангај, како и 700-те илјади жители на самиот остров. Меѓу ѓубрето имало и медицински отпад како игли, пластични туби, канчиња и скршени шишиња, изјавил Сонг Џијан, заменик-генерален менаџер на водоснабдителната компанија на островот. Резервоарот сепак не бил загаден и водата била безбедна за пиење.

Се проценува дека ќе бидат потребни околу две недели за да се расчисти ѓубрето. Веќе биле испрашувани неколкумина осомничени за инцидентот.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Свет