mksqen
16
Вто, Апр
0 Нови / 7 дена

Автобуси без возачи ќе се користат во Австралија

Автобуси без возачи ќе се користат во Австралија

Типографија

Тримесечното тестирање на автобусите без возачи за јавниот превоз во Перт, Западна Австралија, заврши успешно, соопштиле локалните власти.

Станува збор за целосно автономно возило што се управува со помош на технологијата Лидар, односно со ултравиолетово светло кое што му помага да ги забележува и да ги избегнува пречките пред себе. Интелибусот, како што е наречен проектот, во тест-периодот се движел со брзина од25 километри на час. Тој е еколошки начин на превоз, кој користи обновлива енергија и самиот се напојува со енергија преку сончевиот покрив, амортизерите и на други начини.

Се проценува дека во наредните години во цела Австралија овие возила ќе ги заменат автобусите со возачи, што предизвикува загриженост поради загубата на работните места. Возила без возачи веќе се користат во железничкиот превоз, како и за транспортирање патници меѓу терминалите на некои аеродроми.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Свет