mksqen
19
Пет, Апр
0 Нови / 7 дена

Цените на нафтата повторно растат

Цените на нафтата повторно растат

Типографија

Цените на нафтата на светските берзи минатата недела забележаа раст, достигнувајќи вредност близу највисоките нивоа во последниве 17 месеци.

Тоа ги натера аналитичарите да ги променат своите прогнози за движењето на цените на енергенсот во текот на следната година. 

Северноморскиот „брент“ минатата недела поскапе за 1,6 отсто, достигнувајќи цена од над 55,20 долари за барел, додека вредноста на американската „лесна“ нафта порасна за 0,8 проценти на речиси 52 долари за барел.  

Ваквиот раст уследи по одлуката на Организацијата на државите извознички на нафта (ОПЕК) од крајот на ноември за намалување на дневното производство на енергенсот од 1 јануари 2017 година за 1,2 милиони барели. Кон ваквата одлука се придружија и некои производенители на нафта кои не се членки на картелот, како што е Русија.

Оваа одлука, која е прва од овој тип од 2008 година, има за цел да придонесе за „стабилизирање на нафтениот пазар“, односно за зголемување на цената на нафтата со создавање на дефицит на енергенсот.  

По ваквите последни движења на вредноста на нафтата, иневстициската банка „Голдман Сакс“ ги промени своите прогнози за движењето на цените на енергенсот на светските бези во текот на следната година. 

Банката сега проценува дека во текот на вториот квартал од идната година цената на нафтата ќе достигне околу 57,50 долари за барел, наспроти претходните прогнози од 55 долари. 

Но, додека ОПЕК и некои други земји најавуваат намалување на производство на нафта, во САД продолжува трендот на раст на новоотворени наоѓалишта на енергенсот, што почна пред седум месеци.  

Компанијата „Бејкер Хјуз“ соопшти дека минатата недела бројот на активни наоѓалишта на нафта во САД е зголемен за уште 12 на 510, што е најголема цифра од јануари годинава.

Сепак и покрај растот на производството во САД, аналитичарите проценуваат дека одлуката на ОПЕК и останатите земји прозводители ќе резултира со зголемување на цените на енергенсот, кои во следниот период ќе се движат меѓу 50 и 60 долари за барел.

Од средината на 2014 година цените на нафтата се намалија за околу 100 долари, достигнувајќи до околу 30 долари за барел во февруари годинава, што претставуваше нивна најниска вредност во последниве 13 години.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Свет