mksqen
16
Вто, Апр
0 Нови / 7 дена

Во Лондон почна да се вози електричен автобус

Во Лондон почна да се вози електричен автобус

Типографија

До крајот на годината Лондон би требало да располага со најголемиот парк од автобуси со нулта емисија на штетни гасови во Европа.

Градоначалник на британската престолнина Садик Кан објави дека од сега па натаму сите новозакупени двокатни автобуси за потребите на градот нема да го загадуваат воздухот.

Ова беше соопштено при првото возење со автобусот на водород, купен од Лондон. Во суштина станува збор за електричен автобус кој добива струја од интеракцијата во горивни ќелии меѓу водородот од специјални резервоари и кислородот од воздухот. При реакцијата освен струја се добива и вода како отпаден производ.

Плановите на Лондон се да пушти уште дваесет водородни автобуси во следните години. Британската престолнина одамна има сериозен проблем со загадувањето на воздухот, но тоа е уште една мерка со која локалната власт дава јасен сигнал дека презема серија од чекори кон справување со отровниот смог, кој влијае на здравјето на луѓето.

Одржливите автобуси не се инцидентна акција, туку седел од целокупниот нов план на градот за подобрување на квалитетот на воздухот. Друга иницијатива, пак, предвидува од 2018 година такси лиценци да се издаваат само ако активностите се вршат од електрични автомобили или plug-in хибриди.

Од август месец жителите на Лондон се информираат однапред за нивото на загадувањето на воздухот и за деновите во кои тоа ќе е најсилно и опасно. Пораките можат да се видат на сите автобуски постојки, метро станици и сообраќајните ленти во британската престолнина.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Свет