mksqen
19
Пет, Апр
0 Нови / 7 дена

Пожар во паркот Доливуд во Тенеси

Пожар во паркот Доливуд во Тенеси

Типографија

Три лица загинаа во пожари кои избувнаа во планинскиот дел на американската сојузна држава Тенеси.

Пожарот е во близина на тематскиот парк „Доливуд“ на легендарната кантри пејачка Доли Партон, како и во познатата туристичка дестинација Гетлинбург на влезот од националниот парк „Грејт Смоки Маунтаинс“, соопштија локалните власти.

Пожарите, кои се предизвикани од најголемата суша во последните неколку децении, биле проследени со силни ветрови со брзина поголема од 100 километри на час.

Се претпоставува дека околу 14.000 лица биле евакуирани од таа област, а неколкумина се хоспитализирани поради изгореници.

Според Си-Ен-Ен, повеќе од 100 објекти биле уништени само во Гетлинбург, а поради сериозноста на ситуацијата во националниот парк „Грејт Смоки Маунтаинс“ е донесена одлука за затворање на сите објекти.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Свет