mksqen
19
Пет, Апр
0 Нови / 7 дена

Видео: минијатурна светлечка жаба откриена во Австралија

Видео: минијатурна светлечка жаба откриена во Австралија

Типографија

Нов вид жаба, чии слабини светкаат портокалово кога ќе се соочи со грабливци, е откриена на австралискиот континент.

Биологот Сајмон Клулоу ги забележал необичните шари на стомакот на жабта и заклучил дека можеби станува збор за досега непознат вид. За случајот да биде уште почуден, жабата не била најдена на некое изолирано место, туку во непосредна близина на аеродром. - Денес откривањето нови видови главно се базира на генетиката. Ќе се најде вид што личи на другите, но со генетски истражувања во лабораторија ќе се утврди дека е нешто сосема различно. Речиси е неверојатно да се најде рбетник и веднаш, уште по изгледот, да се препознае дека станува збор за неоткриен вид - рекол Клулоу, научник од Универзитетот на Њукасл во Австралија.

Видот бил откриен во близина на аеродромот во овој град во австралиската држава Нов Јужен Велс, и е наречен uperoleia mahonyi, или „жабата на Махони“, во чест на менторот на Клулоу, експертот за жаби и професор Мајкл Махони.

  • Тие се многу таинствени животни. Единките се постојано камуфлирани и се кријат под тревата, лисјата и во песокот - вели Клулоу, додавајќи дека најдобар начин да се најдат е да се слуша нивниот повик за парење, кој трае помалку од една секунда.

Кога ќе се соочи со предатор, оваа жаба ги протега нозете и светка со слабините. Според Клулоу, тоа служи за да ги збуни грабливците за кратко и да може да избега. Станува збор за мошне мало животно, кое е големо колку врвот од прстот на човекот.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Свет