mksqen
19
Пет, Апр
0 Нови / 7 дена

Отворен Самитот за климатски промени во Мароко

Отворен Самитот за климатски промени во Мароко

Типографија

Самитот за климатски промени -КОП 22, на кој учествуваат 56 шефови на држави и влади од целиот свет  е свечено отворен. На отворањето на Самитот се обрати Кралот на Мароко,  Мухамед VI, генералниот секретар на ООН Бан Ки-мун, како и францускиот претседател Франсоа Оланд.

Меѓу присутните делегации е и македонскиот претседател Ѓорѓе Иванов.

Кралот на Мароко вели дека логиката на наметнати решенија со Парискиот договор е завршена и дека започнува ерата на доброволните обврски.
Генералниот секретар Бан Ки-мун порача дека Парискиот договор отвори нова зора за климатска соработка.

- Им благодарам на лидерите за нивната визија. ОН ќе им помогнат на земјите во развој да го имплементираат Парискиот договор - рече Бан Ки-мун.

Парискиот договор, додаде генералниот секретар на ОН, покажа дека мултилатералните решенија функционираат и истакна  дека шефовите на држави и влади со нивното политичко и морално лидерство се клучни за овој процес.

Францускиот претседател Оланд посочи дека во исклучителен, дури и застрашувачки контекст, огромен број шефови на држави и влади се собраа во Париз и го усвоија историскиот договор за климатски промени.

- Парискиот договор е усвоен и неотповиклив. Во Маракеш сум не за да ве потсетам на Париз, туку да ве охрабрам да продолжиме понатаму - истакна Оланд.

‎Македонија во април 2016 година во Њујорк го потпиша Парискиот договор за климатски промени, што беше усвоен во 2015 година на Самитот за климатски промени COP21 во Париз, каде учествуваше и претседателот Иванов. На самитот во Париз, Македонија даде придонес во меѓународните напори за постигнување климатски договор.

Со потпишување на Парискиот договор, Македонија ја реафирмира својата посветеност во приклучување кон светските напори за ублажување на последиците од климатските промени, преку преземање на конкретни чекори, мерки и активности и исполнување на одредбите на Парискиот договор за климатски промени.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Свет