mksqen
19
Пет, Апр
0 Нови / 7 дена

Специјален данок на газираните пијалаци во Сан Франциско

Специјален данок на газираните пијалаци во Сан Франциско

Типографија

Гласачите во американскиот град Сан Франциско го одобрија воведувањето специјални давачки за продажбата на газирани пијалаци, како мерка во борбата со прекумерната тежина и дијабетот.

Освен Сан Франциско, тоа го направила и градовите Олбени и Оукленд во Калифорнија и Болдер во Колорадо.

Одлуката доаѓа еден месец по препораката на Светската здравствена организација до владите да преземат вакви чекори. Критичарите на оваа мерка велат дека таа ќе ги погоди пред се сиромашните, и дека не е праведно вината за дијабетот да им се припишува само на газираните пијалаци.

Таксата ќе изнесува 10 до 20 центи за една лименка, или 35 до 70 центи за шише од еден литар и нема да се однесува на диеталните пијалаци, но ќе ги опфати и некои сокови, енергетски и други пијалаци што содржат шеќер.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Свет