mksqen
09
Пет, Мај
0 Нови / 7 дена

Отрови од слатководни алги најдени во школките кај Сан Франциско

Отрови од слатководни алги најдени во школките кај Сан Франциско

Типографија

Истражувачите на морскиот брег кај Сан Франциско забележале високи нивоа на токсини што ги произведуваат слатководните алги, во морските школки.

Во Калифорнија, школките што се собираат за продажба на пазарот задолжително се контролираат заради можното присуство на отрови од морските алги, но нема редовни проверки за отровите од слатководните алги, како микроцистинот, кој бил пронајден во овој случај.

Овој токсин предизвикува оштетувања на црниот дроб и го произведува еден тип цијанобактерија, позната и како сивозелена алга, која живее во топли води богати со хранливи материи. Може да се најде во многу езера и реки во Калифорнија, вклучувајќи ги и реките Сакраменто и Сан Хоакин, кои се влеваат во заливот на Сан Франциско, како и во повеќе езера во таа област.

Професорот Рафаел Кудела од Универзитетот Санта Круз вели дека во неговата лабораторија почнале да го истражуваат потенцијалното присуство на микроцистин во школките отккако забележале мали количества од овој отров во водите покрај Сан Франциско. Се проверувале школки земени од пет места во заливот, за да се утврди колку брзо го примаат отровот и колку време им треба за да се исчистат од него.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS

Најпопуларни вести во категорија Свет