mksqen
19
Пет, Апр
0 Нови / 7 дена

Во Турција има ризик од појава на кисели дождови

Во Турција има ризик од појава на кисели дождови

Типографија

Во Турција постои ризик од појава на кисели дождови поради тоа што борците од Исламска држава опожариле хемиска фабрика во Мосул.

Борците од ИД запалиле фабрика за производство на сулфур во јужен Мосул, поради што во атмосферата со чадот се шири и сулфур диоксид.

Во прогнозата за динамиката на временските промени во регионот, објавена од НАСА се гледа дека има ризик од формирање на дождовни облаци над југоисточна Турција. Тие облаци може да носат кисели дождови.

Кисели дождови може да има во турските окрузи Мардин, Шарнак и Хакари. Турското Министерство за здравство ги предупреди граѓаните за опасноста и повика за преземање мерки за претпазливост.

Локалните жителите се повикани да не излегуваат надвор во случај на врнежи.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Свет