mksqen
19
Пет, Апр
0 Нови / 7 дена

Пронајдени поефикасни органски соларни ќелии

Пронајдени поефикасни органски соларни ќелии

Типографија

Големото количество енергија што им е потебно на органските соларни ќелии за да ја претворат сончевата светлина во енергија ја намалува нивната ефикасност.

Но со новите истражувања спроведени од поголема група научници, пронајдени се органски соларни ќелии кои користат помалку енергија за да го извршат тој процес.

Научниот тим е предводен од Фенг Гао, професор на универзитетот во Линкопинг, Шведска, Хе Јан од Универзитетот за наука и технологија на Хонг Конг, и Кенан Гундоглу, од Државниот универзитет на Северна Каролина, САД. Нивното откритие се смета за чекор напред кон комерцијалната употреба на органските ќелии.

За што поточно станува збор? Кога фотоните од сонцето се апсорбираат од органските полупроводници, потребно е поголемо количество енергија се троши за да се добие струја. Од друга страна, колку помалку енергија се губи на овој начин, толку поголема е ефикасноста на производството на струја од сончевата енергија. Досега се сметаше дека поради оваа, органските ќелии не се доволно ефикасни за користење, но новите истражувања може да го сменат тоа.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Свет