mksqen
19
Пет, Апр
0 Нови / 7 дена

Научници случајно нашле решение за вишокот јаглерод-диоксид

Научници случајно нашле решение за вишокот јаглерод-диоксид

Типографија

Научници од Националната лабраторија Оук Риџ во Тенеси, САД, откриле хемиска реакција што може да го претвори јаглерод-диоксидот во етанол.

Со ова потенцијално се создава нова технологија што може да помогне во борбата со климатските промени.

Тие работеле на експеримент како со серија од хемиски реакции би можел јаглерод-диоксидот да се претвори во корисно гориво. Но уште со првиот чекор успеале да го направат тоа. Првата реакција го претворала јаглерод-диоксидот во етанол, што може да се користи во возила и во генератори.

Во процесот се користи нова комбинација од јаглерод и бакар, но и нанотехнологија, која овозможува реакциите да бидат многу прецизни, со многу малку загадување што останува.

  • Со употребата на обични материјали и со нивното подредување со помош на нанотехнологија, најдовме начин како да ги ограничиме страничните реакции и да го добиеме тоа што го сакаме - вели научникот Адам Рондинон.

Постојат и други начини да се добие гориво од јаглерод-диоксид, но овој има неколку предности. Првата е што користи обични материјали, а втората е што функционира на собна температура, што значително ги намалува трошоците.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Свет