Земјотрес со интензитет од 6,6 степени по Рихтеровата скала го потресе западниот дел на Јапонија.
Нема опасност од цунами, соопштија властите.
Земјотресот е регистриран во јапонската префектура Тотори, на околу 700 километри западно од Токио, на длабочина од 10 километри.
Засега нема извештаи за евентуална штета или повредени.