mksqen
16
Вто, Апр
0 Нови / 7 дена

„Тесла“ и „Панасоник“ се договориле за заеднички бизнис со соларни батерии

„Тесла“ и „Панасоник“ се договориле за заеднички бизнис со соларни батерии

Типографија

Американската компанија „Тесла моторс“ и јапонската корпорација „Панасоник“ се согласиле да соработуваат во производството на соларни батерии.

„Панасоник“ ќе го почне производството на фотоволтаични елементи и модули во фабрика во Бафало во 2017 година, велат од  „Тесла моторс“, кои пак ќе обезбедат долгорочни купувања на овие елементи.

Договорот ќе и помогне на компанијата „Тесла“ на нејзиниот пат кон иднината на одржлива енергија.

Претходно беше објавено дека на 28 октомври „Тесла“ и американскиот производител на соларни панели „СоларСити“ ќе претстават соларни батерии од нов тип. Шефот на „Тесла моторс“ Илона Муск објаснува дека станува збор за почетокот на производството на покриви, чија површина ќе биде една соларна батерија. Во август стана познато дека се планира спојување меѓу „Тесла“ и „СоларСити“.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Свет