mksqen
20
Саб, Апр
0 Нови / 7 дена

Земjoтрeси во Тибет и Папуа Нова Гвинеја

Земjoтрeси во Тибет и Папуа Нова Гвинеја

Типографија

Земјотреси со интензитет од 6,4 и 6,9 степени според Рихтеровата скала ги погодија Тибет и Папуа Нова Гвинеја.

Силен земјотрес со интензитет од 6,4 степени според Рихтеровата скала го погоди Тибет. Моментно нема информации за жртви, ниту за материјални штети.

Потресот се случил на длабочина од 32 километри, а епицентарот се наоѓа на приближно 300 километри северозападно од градот Камдо во провинцијата Чингхај.

На истото место во 2010 година се случил земјотрес од 6,9 степени по Рихтер, при што загинаа околу 3.000 луѓе.

Силен земјотрес, пак, со интензитет од 6,9 степени според Рихтеровата скала е регистиран и во близина на бреговите на Папуа Нова Гвинеја. Засега нема информации за евентуални жртви и предизвикани материјални штети, а не е прогласена ниту опасност од можна појава на цунами.

Земјотресот се случил на длабочина од 35 километри под морското дно.

Во јули 1998 година Папуа Нова Гвинеја ја погодија два земјотреси со интензитет од 7,0 степени според Рихтер, при што загинаа околу 2.100 лица.

Папуа Нова Гвинеја се наоѓа во т.н. Пацифички огнен прстен, кој се карактеризира со нагласена сеизмичка и вулканска активност.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Свет