mksqen
18
Чет, Апр
0 Нови / 7 дена

Истече радиоактивна содржина од пакети на аеодромот во Њу Делхи

Истече радиоактивна содржина од пакети на аеодромот во Њу Делхи

Типографија

Обезбедувањето на меѓународниот аеродром во Њу Делхи блокираше дене дел од аеродромот по дојавата дека меѓу багажот се наоѓаат пакети со радиоактивна содржина, која истекува, соопшти полицијата.

  • Петнаесет кутии, во кои е спакуван нуклеарен материјал се изолирани, за да се утврди дали содржината протекла, откако кутиите биле натоварени во авион на Ер Франс, изјави началникот на Секторот за безбедност на аеродромот во Њу Делхи, Сања Бахтиа.

Таа додаде дека товарот стигнал од Франција, аеродромските власти го забележале истекувањето и ги информирале надлежните.

  • Ситуацијата е под контрола. Го исчистивме просторот за багаж и доведовме ескперти од Регулаторниот одбор за атомска енергија за да го испитаат материјалот, истакна Бахтија.

Пратката била наменета за биомедицински компании во Њу Делхи.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Свет