Парискиот договор за климата ќе стапи во сила за 30 дена, затоа што веќе го ратификуваа доволен број земји.
Портпаролот на Обединетите нации Фарах Хак вели дека се очекува Канада и Непал да го достават актот за ратификација.
Меѓународниот договор за климатските промени ќе биде во сила за еден месец откако го ратификуваа 55 земји, кои се обврзаа да го намалат за 55 отсто учеството во емисиите на штетни гасови.