Моќната бура што ја зафати Јужна Австралија без електрична енергија ја остави цела држава.
Државата Јужна Австралија, во која живеат 1,7 милион луѓе, беше зафатена од силен ветар и пороен дожд. Бурата доведе до прекин на електричната енергија, предизвика и хаос по патиштата, луѓето ги заглави по лифтовите, а властите ги натера да ги предупредат жителите да не излегуваат надвор.
- Ова очигледно е доста големо невреме, кога може да оштети толку многу инфраструктура и да разурне толку многу од системот - рече премиерот на државата Џеј Ведрил.
Специјализирани екипи работат на обновата на електричната енергија, но отстранувањето на штетите веројатно ќе одземе часови и часови, изјави тој.
Метеоролозите очекуваат лошото време да продолжи до утре со ветар со бризина над 100 километри на час и врнежи до 10 сантиметри. Според нив, оваа бура може да се покаже како најсилната во Јужна Австралија во последните 50 години.
BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS