mksqen
19
Пет, Апр
0 Нови / 7 дена

Парискиот договор за климатски промени потпишан од 60 држави

Парискиот договор за климатски промени потпишан од 60 држави

Типографија

Триесет и една држава денеска официјално се приклучија на Парискиот договор за климатски промени, со што бројот на земји што го ратификувале договорот се искачи на 60.

Со тоа е надминат прагот од 55 држави, неопходен за Договорот да стапи во сила. Но, земјите потписнички се само 47,5 проценти од светските емисии за неопходниот праг од 55 проценти.  - Еден праг поминавме.

Ни требаат уште 7,5 проценти, изјави генералниот секретар на Обединети нациим Бан Ки-мун по завршувањето на специјалната церемонија во централата на ОН. Американскиот државен секретар Џон Кери изрази увереност дека 55 проценти ќе бидат постигнати пред следната конференција на ОН за климата, што ќе се одржи на 7 ноември во Маракеш, Мароко. Тој ги повика луѓето од целиот свет да „станат војници за планетата“.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Свет