Производителите на дизел мотори ги лажираат емисиите на јаглерод диоксид Ниту една компанија за автомобили со дизел мотор не ги почитува нормите на Европската унија за испуштање на штетни гасови, покажува студијата на невладината организација Европска федерација за сообраќај и околина.
Оваа организација ја мерела емисијата во 230 модели на автомобили со дизел мотор, а резултатите се поразителни. Четири петтини од тие автомобили продадени во периодот од 2010 до 2014 година, кои во лабараторијата покажуваат дека се во склад со нормата Еуро 5 (180г/1000км), во стварноста загадуваат три пати повеќе од дозволената норма. Сличното важи и за нормата Еуро 6 (80г/1000км) каде две третини од автомобилите продадени од почетокот на 2015 година ја преминуваат горната дозволена граница.
Најголеми загадувачи се автомобилите на производителот „Рено“, кои дури осум пати ја преминуваат нормата Еуро 5. По нив следат „Ланд Ровер“, „Хјундаи“ и „Опел“, а најмали загадувачи према Еуро 5 се „Сеат“, „Хонда“, „БМВ“, „Форд“ и „Пежо“. Во категоријата Еуро 6, пак, најголеми загадувачи се „Фиат“ и „Сузуки“, чии мотори испуштаат 15 пати повеќе од дозволеното ниво, а по нив следат „Рено-Нисан“ и „Опел/Воксол“. „Фолксваген“ во поглед на Еуро 6 има најдобри резултати, но сепак тие автомобили испуштаат два пати повеќе од дозволеното.
Околу 29 милиони од тие „валкани“ автомобили се возат по европските патишта, а најмногу ги има во Франција, па во Велика Британија и во Италија. Концентрацијата на радон во Србија во границите на европскиот просек
BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS