„Градско дрво“ или City Tree, иновативниот и патентиран зелен билборд што го прочистува воздухот, ќе се постави во Скопје и во Тетово.
Инсталацијата ја обезбедија Центарот за истражување и информирање за животната средина Еко-свест во соработка со Германската амбасада, градот Скопје и македонски и странски компании - донатори.
Според Еко-свест, главна цел на проектот е да се подигне свеста кај граѓаните, експертите, надлежните институции и бизнисите за потребата да се делува на поле на квалитетот на воздухот, за придобивките од иновативниот проект City Tree и воопшто, за квалитетот на воздухот во Република Македонија.
BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS