mksqen
18
Чет, Апр
0 Нови / 7 дена

Европска недела на мобилноста во главниот град

Европска недела на мобилноста во главниот град

Типографија

Градот Скопје и годинава со повеќе активности ќе ја одбележи Европската недела на мобилноста. Од 16 до 22 септември, ќе се организира разновидна програма наменета за сите граѓани, од најмладите до највозрасните, како и за јавниот и приватниот сектор, соопштија од градот.

Годинава тема на Европската недела на мобилност е „Паметна и одржлива мобилност - влог за Европа“. Европската недела на мобилноста се организира во соработка со невладината организација ОРТ, со делегацијата на Европската унија во Македонија, Министерството за животна средина и просторно планирање и со УНДП.

Во седумте дена градот ќе претстави многубројни активности и проекти што се поврзани со одржливата мобилност и ќе испрати порака за користење на алтернативните видови транспорт.

Граѓаните ќе имаат можност да се едуцираат, да спортуваат, да се натпреваруваат, да разменуваат позитивни искуства и да учествуваат на трибини и форуми посветени на одржливиот транспортен систем. Традиционално, Европската недела на мобилноста ќе заврши на 22 Септември, на денот без автомобили, со големо велосипедско дефиле што ќе се вози на градските улици.

  • Манифестацијата има за цел да ги поттикне локалните политичари и јавноста, паметната и одржлива мобилност да ја препознаат како инвестиција за Европа - информираат од градот.
BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Скопје