mksqen
16
Вто, Апр
0 Нови / 7 дена

Зарем и за ова треба апел: не фрлајте казанчиња во канализацијата

Зарем и за ова треба апел: не фрлајте казанчиња во канализацијата

Типографија

Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ на својот фејсбук-профил објави фотографии од интервенција во населбата Радишани, каде што од канализациска шахта било извадено цело казанче за вода што се користи во бањите.

Канализациската мрежа не функционирала соодветно и екипите морале да ги отстранат пречките. Но иако фрлањето цврсти предмети во канализацијата не е ретка појава, и самите работници на „Водовод“ се изненадиле кога виделе што го попречувало протокот. Претпријатието упати порака до граѓаните.

  • Сакаме да апелираме до граѓаните да не се фрлаат предмети во шахтите, од кои се затнува мрежата и се намалува целиот капацитет, а посебно да не се фрлаат цврсти предмети или разни други материјали, кои не се разградливи - рекоа од „Водовод“.
BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Скопје