mksqen
19
Пет, Апр
0 Нови / 7 дена

Се гради атмосферска канализација во Долно Лисиче

Се гради атмосферска канализација во Долно Лисиче

Типографија

Во населеното место Долно Лисиче за првпат се гради атмосферска канализација, во должина од околу 1.800 метри, на улиците „1“ и „20“.

Таа е од витално значење за жителите во тој дел на Долно Лисиче, затоа што ќе овозможи собирање и одведување на атмосферските води во реката Вардар.

Изградбата на атмосферската канализација ќе чини околу 24 милиони денари, а средствата се обезбедени по половина од општина Аеродром и Град Скопје.

Од општината Аеродром велат дека откако изградиле фекална канализација, ја реконструирале водоводната мрежа и целосно ги асфалтирале сите улици во Долно Лисиче, покрај кои изградиле тротоари и улично осветлување, деновиве ја почнале и изградба на атмосферска канализација. Со тоа, додаваат оттаму, целосно ќе се заокружи инфраструктурата и Долно Лисиче ќе ги добие сите неопходни услови и атрибути на една урбана средина.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Скопје