Утре од 19 до 21 часот во Излет кафе во Дебар маало ќе се гледа филм и ќе се дебатира за загадувањето.
Плоштад Слобода со Кадар продукција ќе го проектира нивниот нов документарен филм кој зборува за најгорливата точка со загадувањето во Скопје - токсичната депонија во ОХИС.
По завршувањето, планирано е да се одржи дискусија со активисти кои работат со институциите на полето на загадувањето. Конкретно, се интересираме за користењето на науката и студиите во креирањето на јавните политики.
Настанот, како што велат од Плоштад Слобода, е отворен за сите добронамерници и засегнати.