mksqen
20
Саб, Апр
0 Нови / 7 дена

Кастрење суви дрвја и садење цветен сезонски расад

Кастрење суви дрвја и садење цветен сезонски расад

Типографија

Екипи на Јавното претпријатие  „Паркови и зеленило“ утре ќе вршат кастрење на дрвја во населбата Ново Лисиче и на улицата Самоилова.

  • Акцијата на кастрење суви дрвја продолжува и наредниот период, како тековна работна активност на одделението „Дрвореди“ - соопштуваат од  ЈП „Паркови и зеленило“.

А екипите од секторот „Градско зеленило“ работат на садење на цветен сезонски расад на повеќе локации на јавните зелени површини низ градот. Околу  4.000 корени од видот љубичица во црвена, сина, бела и жолта боја  се засадени во паркот Македонија, Градски парк, во Центар и на булеварот Илинден. Со ова садење се врши промена на оштетените и надополнување на места каде недостасува цветен расад кој трае се до рана пролет. Се врши замена на видот хризантема и украсна зелка со цвеќе од видот виола во цветните леи на градското зеленило. Акцијата за садење на  сезонски  цветен расад ќе продолжи и наредиот период.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Скопје