mksqen
19
Пет, Апр
0 Нови / 7 дена

Граѓаните најавуваат тужба против институциите заради загадениот воздух (видео)

Граѓаните најавуваат тужба против институциите заради загадениот воздух (видео)

Типографија

Неколку стотини граѓани синоќа се собраа на протестот кај фонтаната во градскиот парк во Скопје и го изразија својот револт кон институциите поради екстремното загадување на воздухот.

Протестот беше најмногу насочен кон, како што беше истакнато, негрижата на властите за да се најдат решенија за овој проблем. Според учесниците на протестот, парите за панорамското тркало и за други проекти треба да се пренаменат за подобрување на квалитетот на воздухот, а властите наместо само декларативни, да донесат и конкретни мерки.

Организаторите најавија дека повторно ќе протестираат по празниците и тогаш ќе предложат петиција за колективна тужба против надлежните институции заради несправувањето со аерозагадувањето, што нанесува штетни последици по здравјето на сите граѓани.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Скопје