Сите заинтересирани планинари и велосипедисти утре ќе можат да се придружат на последното искачување на Водно за годинава.
Турата ја организира Здружението за спорт и рекреација „Прв до врв“ од Скопје.
Стартот за сите учесници е закажан во 9 часот пред училиштето „Кочо Рацин“. На целта на врвот на Водно во планинарскиот дом, за групата ќе биде послужено посно тавче гравче, кое го обезбеди производителот „МАМА ’ С“.
Се препорачува сите учесници да понесат облека и опрема соодветна за овој дел од годината за ден поминат во планина.