mksqen
18
Чет, Апр
0 Нови / 7 дена

Карпош доби 100 нови садници

Карпош доби 100 нови садници

Типографија

Вработените во локалната самоуправа на Карпош заедно со градоначалникот Стевчо Јакимовски, насадија 100 садници во околината на наслебата Карпош 3, а потоа реализираа и редовно есенско чистење.

  • По повод денот на општината, одлучивме да посадиме дрвја на територија на Карпош 3. Токму тука садиме 100 садници заедно со вработените на општина Карпош кои ја чистат општината заедно  со членовите на Советот. Претходно насадивме 50 дрвја во населбата Тафталиџе 2.300 дрвја во Карпош 4, илјада покрај булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов. На ред сега е паркот кој се прави наспроти студентскиот дом „Гоце Делчев“, кадешто ќе бидат засадени околу 200 дрвја - вели Јакимовски.

Според него, годинава се засадени околу 1.500 дрвја и ако на тоа се надоврзе Денот на дрвото кога се планира засадување на уште 5.000 по булеварите, парковите, домовите, училиштата и градинките, Карпош дополнително ќе зазелени.

  • Оваа година ќе ја завршиме со некаде околу седум илјади дрвја насадени на територија на општина Карпош. Целта е зачувување на човековата средина имајќи предвид дека општина Карпош е општина која најголем дел сама го одржува зеленилото и хигиената - додава Јакимовски.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Скопје