Компанијата за дистрибуција на топлина „Балкан енерџи“ најави дека од утре почнува со секојдневни ладни проби на системот за топлинска енергија.
Целта на ладните проби е да се подготви и да се провери целосно системот за топлинска енергија за претстојната грејна сезона.
- Имајќи предвид дека доколку се случи пад на температурите грејната сезона може да почне порано од 15 октомври, проверката на системот преку ладните проби ќе овозможи навремено отстранување на сите евентуални пречки што ќе се појават во текот на овие проверки - соопштуваат од „Балкан енерџи“, од каде посочуваат на последните податоци за временската прогноза според кои во текот на следната недела се очекува значаен пад на температурата.
За успешна подготовка на системот и навремена испорака на топлинска енергија, компанијата ги повикува потрошувачите навреме да ги завршат започнатите интервенции во внатрешната инсталација, да обезбедат непречен пристап за екипите на компанијата до топлинските станици и постојано напојување со електрична енергија на топлинските станици, со што ќе се овозможи нивно непречено функционирање.
За информирање или пријави за одредени интервенции, потрошувачите може да се јават на телефонскиот број 3076-200, или да ја посетат веб страницата: www.poplaki.beg-distribucija.com.mk.
Исто така, на тие броеви потрошувачите можат да ги добијат сите потребни информации.
BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS