mksqen
18
Чет, Апр
0 Нови / 7 дена

Испланирајте зелен ден во главниот град

Испланирајте зелен ден во главниот град

Типографија

Градот Скопје во соработка со УНДП го објави и повикот „Како да поминете еден поинаков, зелен ден во Скопје“, преку користење и комбинирање различни видови транспорт за туристички и рекреативни активности, како можност за развој на еко-туризам во градот и изнаоѓање нови туристички понуди за скопјани, но и за посетителите.

Според условите на конкурсот, предложените рути треба да бидат наменети за туристички и рекреативни активности за граѓаните како нова туристичка понуда, односно места до кои ќе се патува со комбинирање различни видови транспорт – пеш, велосипед, јавен превоз, електрични или хибридни возила, без користење возило на бензин или дизел. На повикот со свои идеи може да се пријавуваат лица постари од 18 години, како и правни субјекти, а рокот за пријавување е до недела, 6 ноември 2016 година. Пријавите може да се доставуваат на меил-адресата: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. . Победничката рута ќе биде објавена на 13 ноември.

Најиновативната идеја ќе биде наградена со велосипед на расклопување и ќе биде промовирана пред туристичките оператори. Градот Скопје ја реализира Европската недела на мобилност 2016 во соработка со невладината организација ОРТ, како и со Делегацијата на Европската Унија во нашата држава, Министерството за животна средина и просторно планирање и Програмата за развој на Обединетите нации.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Скопје