Согласно правиликот за набавки на услуги и проектните активности предвидени со проектот “Граѓаните активен партнер во реформите на политиките за вода“, за потребите на реализирање на буџетската линија 5.6.3, ЦЕД Флорозон од Скопје распишува:
П о в и к
За ангажирање на тематски експерт - за подготовка и спроведување на тренинг модул за развој на вештини за лобирање и застапување
Центарот за Eколошка Демократија ФЛОРОЗОН од Скопје во рамките на проектот: “Граѓаните активен партнер во реформите на политиките за вода“,финансиски поддржан од Секторот за централно финансирање и склучување договори (ЦФЦД) во рамките на Министерството за Финансии на Република Македонија како дел од програмата за: “Зајакнета вклученост на граѓанското општество во реформите на патот кон ЕУ интеграциите”, објавува повик за ангажирање на експерт/консултант за подготовка и спроведување на тренинг модул за развој на вештини за лобирање и застапување и ќе даде експертски придонес на настанот: Национална тркалезна маса во рамките на горе наведениот проект.
Процедурата за аплицирање и потребните критериуми се опишани во описот на работната задача. Уредно пополнетата документација да се достави најдоцна до 16.00 часот на 23.02.2018 година.
Ненавремена, нецелосна и некомплетна документација нема да биде разгледана.
Со почит,
ЦЕД Флорозон, Скопје,
Проект: “Граѓаните активен партнер во реформите на политиките за вода“
BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS