Работници и механизација на јавното комунално претпријатие од Кавадарци деновиве го чистат коритото на реката Луда Мара во градот.
Како што вели Ѓорѓи Поп Ицов, раководител на работната единица „Хигиена и зеленило“ во претпријатието, се отстранувале наноси од песок, тиња, камења и друг материјал, што поради разни причини се наталожиле во реката.
- Се работи за поголема количина од над 100 кубни метри. Редовно интервенираме, годишно по неколку пати, особено на местата на кои најчесто се собира отпаден материјал - рече Поп Ицов.
Тој нагласи дека чистењето на речното корито е само една од многубројните активности кои ги имаат деновиве, во пресрет на традиционалната стопанско-туристичка и културна манифестација „Тиквешки гроздобер“.
BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS