mksqen
19
Пет, Апр
0 Нови / 7 дена

Делови од Дебар жедни при вода

Делови од Дебар жедни при вода

Типографија

Повеќе делови од Дебар и ова лето се без вода за пиење по најмалку шест часови дневно. Најпогодени се жителите во населбите Венец 1 и Венец 2, населбата Варош, како и оние во станбените згради во централниот дел на градот.

Според директорот на Јавното комунално претпријатие „Стандард“, Мазлум Леши, ваквата ситуација е последица на злоупотребата на водата за пиење за наводнување на земјоделски површини, миење дворови, тротоари и улици.

  • Европските стандарди предвидуваат по 200 литри вода дневно по човек, а во нашиот град се троши со илјадници што е надвор од сите стандарди, зашто заедно со пристигнатите печалбари во Дебар нема повеќе од 15 илјади жители - изјави Леши.

Апел до граѓаните да престанат со злоупотреба на водата за пиење упати и дебарскиот градоначалник Ружди Љата.

Во главниот градски резервоар пристигнуваат 150 литри вода во секунда што е доволно за град од 100 илјади жители, а не за град како што е Дебар. Реализирани се три проекти за балансирање на водоводната мрежа во градот за што се инвестирани 470 илјади евра, но по се изгледа дека поради несовесните граѓани, нивниот ефект не се постигнува - истакна Љата.

  • Тој побара од „Стандрад“ кое стопанисува со водоводот Росоки-Дебар, но и од надлежните да преземат содветни мерки со цел да се елиминира масовната злоупотреба на водата за пиење.

Жителите во деловите каде што се чувствува недостиг на вода бараат да се воведе рестрикција со цел проблемот да го го почувствуваат сите подеднакво.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Македонија