mksqen
19
Пет, Апр
0 Нови / 7 дена

Охрид СОС: Марината ќе го уништи биодиверзитетот

Охрид СОС: Марината ќе го уништи биодиверзитетот

Типографија

Проектот за марина за пловни објекти ќе се реализира на потегот помеѓу објектот на езерската полиција и скејт паркот, на Ајван плажа, помеѓу појас од трска, кој е живеалиште за многу видови, на плажата со отворен поглед на стариот дел од градот, порачуваат од иницијативата Охрид СОС.

Тие додаваат дека во тек се првични мерења на теренот.

  • Иако научната заедница аргументирано се противи за изградба на марина на оваа локација, власта упорно ги форсира замислените проекти, по секоја цена, оглушувајќи се на сите заложби, коментари, реакции. Каналот Студенчишта е сега паркинг за пловни објекти, но не на кајчиња како порано, туку на големи бродови и јахти. Водата е матна, побелена на одредени делови, нема риба, неколку пати имаше огромен помор. Марината би имала капацитет за неколку стотини пловни објекти, според најавите - велат од Охрид СОС.

Тие додаваат дека ако се реализира и овој проект, и на тоа место би се загадила водата, од испуштање масла, од миење на пловилата со хемиски средства, ќе се зголеми енормно бучавата, која веројатно ќе ги примора животните да се повлечат на некое друго, помирно место.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Македонија