Почесто и непосредно учество во креирањето и реализација на реформите во таканаречените водни политики, управување со водните ресурси и учество во креирање на пазарната вредност во експлоатација на водата за пиење. Ова мегудругото е главното сиже на Националната кампања за промоција на таканареченото инклузивно управување со водата. Денеска нивни преставници ги запознаваа штипјани со нивните оправа од оваа сфера. Едноставно речено се работи за ова.
„Граѓаните по закон имаат право да учествуваат со свои реакции доколку квалитетот на водата за пиење не е задоволителен, доколку цената на водата е превисока, и слично. Граѓаните,значи имаат законско право непосредно да се обратат до надлежната Регулаторна енергетска комисија на Македонија“, информира Наташа Сердаревиќ од ЦЕД Флорозон – Скопје.
Досегашниот тек на кампањата ги дава очекуваните позитивни ефекти. Граѓаните ги осознаваат своите со закон утврдени права во делот на менаџирањето со водата и водните ресурси.
„Резултатите од проектот веке се видливи. Еден од тие е формирањето на т.н.македонска хидро мрежа. Тоа е асоцијација од невладини и граѓански организации чии ингеренции се тесно поврзани со водната проблематика“, објасни Сердаревиќ.
По битолчани, денеска штипјани ги осознаваа со закон утврдените нивни права кога е во прашање менаџирањето со водата и водните ресурси. Организаторите , македонскиот Центар за еколошка демократија и македонската Организација на потрошувачи информирааа дека овој проект ќе трае една година.