mksqen
20
Саб, Апр
0 Нови / 7 дена

Интензивирана изградбата на Пречистителната станица во Струмица

Интензивирана изградбата на Пречистителната станица во Струмица

Типографија

Привршуваат градежните работи во изградбата на Пречистителната станица во Струмица и наскоро ќе почне монтирање на дел од опремата.

Овој проект е во согласност со националното и ЕУ законодавството и со третманот на отпадните води од градот Струмица и околните населени места Баница, Добрејци, Градско Балдовци, Сачево, Дабиле, Муртино, Просениково и индустриските зони кои гравитираат кон Струмица, и покрај заштитата на животната средина со неа се постигнува исполнување на барањата поврзани со пристапување на земјата кон ЕУ, потенцираат надлежните од општината.

Парите се обезбедени преку Инструментот за претпристапна помош ИПА – Компонента III – Регионален развој со вкупен буџет од 6.581.787,00 евра.

  • Општина Струмица од сопствени средства во буџетот учествува во кофинансирање на проектот со финансирање на експропријацијата на земјиштето, изведба на водоводна линија, финансирање на ревизија на основниот проект и проектот за колекторскиот систем, отстранување на еден од постојните објекти кој не се вклопи во новиот дизајн на објектот, изработка на сите потребни геодетски елаборати како и со целокупен ангажман на општинската администрација и јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ во подготовка на техничката документација на проектот - вели Александар Чеботарев раководител на работната единица за имплементација на проектот.

Во фазата на подготовката на техничката документација, општината активно соработувала со меѓународната консултантска компанија NIRAS   обезбедувајќи ја целокупната административна поддршка.

Објектот се гради на површина од 55.000 метри квадратни и ќе опслужува 53.419 жители. Според планираната динамика на изведба и правилата на ИПА програмата, објектот треба да биде готов до 21 октомври 2017 година.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Македонија