mksqen
19
Нед, Мај
0 Нови / 7 дена

Во Кавадарци се реновираат згради заради енергетска ефикасност

Во Кавадарци се реновираат згради заради енергетска ефикасност

Типографија

Се реновираат згради заради енергетска ефикасност во Кавадарци.

Проектот се реализира со соработка меѓу станарите на зградите, Хабитат Македонија и кавадаречката општина. Локалната самоуправа покрива 25 проценти од трошоците, а останатиот дел со посредство на Хабитат, Здружение за кумано домување станарите го исплатуваат на седум години со пет проценти камата.  

Александар Панов, градоначалник на Кавадарци вели дека со проектот не само што се зголемува електроенергетската ефикасност и се разубавува изгледот на зградите кои се во центарот на градот, туку и се спречува паѓањето малтер од старите фасади.  

Андреј Апостолски од Хабитат Македонија вели дека се посветени на обезбедување пристоен дом за сите.  

  • Мило ми е што проектот за заштеда на електрична енергија се реализира и во помалите градови, бидејќи придобивките ќе бидат големи во наредните години - додаде Апостолски.   

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS

Најпопуларни вести во категорија Македонија

This module can not work without the AcyMailing Component