mksqen
19
Пет, Апр
0 Нови / 7 дена

Струмица спроведува акција за чиста пролет

Струмица спроведува акција за чиста пролет

Типографија

Јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ од Струмица заедно со општинските власти ја спроведуваат традиционалната акција за генерално чистење на градот и населените места, која годинава се спроведува под мотото „За чиста струмичка пролет“.

Според директорот на „Комуналец“ Зоран Ѓоргиев, целта на акцијата е општина Струмица да го сочува епитетот за чиста средина и раззеленета општина.

  • „Комуналец“ веќе почна со своите активности уште на 21 март и понатаму ќе продолжиме. Ја користам приликата да ги повикаме сите граѓани да учествуваат во акцијата, невладините организации, граѓански здруженија кои се од областа на екологијата, но и останатите, исто така ги повикувам и стопанските и правните субјекти да учествуваат и да ни помогнат - вели Ѓоргиев.

Тој ги повика правните субјекти кои се претежно во градежниот дел и кои располагаат со соодветна механизација и возила да се вклучат за, како што рече, побрзо, поуспешно и поефикасно да ја завршат акцијата.

Раководителот на работната единица „Чистота“ Бранко Горѓиев информираше за динамиката според која ќе се спроведува акцијата.

  • За постигнување на што подобри ефекти се договоривме првиот ден, на 26 март акцијата да почне од населбите Карпош и Чифлик. Тоа значи в недела ги повикуваме сите граѓани од овој дел на градот да учествуваат во акцијата во која јавното комунално претпријатие „Комуналец“ ќе работи на генерално чистење, како на сите улици и уредување на зелените површини. Граѓаните ќе треба само својот отпад од подрумските простории, дворните места и стариот мебел што го имаат да го извадат пред своите куќни места и да се јават на телефонскиот број 034/325-909 и веднаш уште истиот ден отпадот ќе биде подигнат - вели Горѓиев.

На 2 април акцијата ќе продолжи во деловите на градот каде отпадот се собира во вторник и петок, односно тоа се деловите покрај транзитниот пат, булеварот и улицата Маршал Тито и долж се до рудникот и третиот реон, кој што ќе биде опфатен на 9 април ќе биде во горниот дел на градот каде отпадот се подига во вторник и четврток.
Надлежните институции порачаа дека на време ќе ги информираат граѓаните за текот на акцијата.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Македонија