mksqen
19
Пет, Апр
0 Нови / 7 дена

Проект за подобра контрола на храната и болестите кај растенијата и животните

Проект за подобра контрола на храната и болестите кај растенијата и животните

Типографија

Јакнење на пазарната економија и подобрување на конкурентноста на македонските земјоделско-прехранбени производи на пазарите на ЕУ преку ефикасна, гарантирана заштита на потрошувачите и стандардите за безбедност на храната, е целта на новиот твининг проект што во наредните 17 месеци ќе го спроведува Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) со финансиска поддршка на ЕУ.

Проектот „Понатамошно развивање на контролните системи на надлежните институции за заштита на здравјето на луѓето, животните и растенијата”, е вреден 751.473 евра, а предвидува размена на искуства, пренесување знаења и добри практики за законодавството и ЕУ политиките за обезбедување високи стандарди за безбедност на храната.
Станува збор за продолжение на претходниот твининг проект кој беше во насока на подобрување на ефективноста на работењето на инспекциските служби, воспоставување пилот-систем за пасоши кај растенијата и подобрување на размената на податоците меѓу надлежните служби.

Директорот на АХВ  Зоран поповски вели дека со експертска поддршка подобрен е и системот за контрола во примарното производство на храната за животинско потекло, со акцент на производство на јајца, млеко, мед, фарми на свињи и рибници. Првпат беше подготвен и повеќегодишен план за контрола на храната за животни, а се воведоа и нови техники за контрола на електронска трговија и измамите со храна.

  • Заштитата на здравјето на луѓето, животните и растенијата е приоритет, не само од економски, туку и од аспект на здравствената заштита. Појавата на жаришта на болести кај животните може да им наштети не само ним, туку и на луѓето, на целокупната економија и трговија - вели евроамбасадорот Самуел Жбогар, дополнувајќи дека во ЕУ има 14 милиони одгледувалишта на животни, а колку што се посветува внимание на нивната здравствена состојба, толку сериозен е пристапот и кон здравјето на растенијата.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Македонија