mksqen
16
Вто, Апр
0 Нови / 7 дена

Се расчистуваат каналите и вадите во кочанско

Се расчистуваат каналите и вадите во кочанско

Типографија

Водостопанство на Македонија, Подружница „Брегалница“ од Кочани почна со чистењето на земјените канали и вади.

Преку нив водата се дистрибуира до полињата со цел да се обезбеди квалитетна наводнителна сезона, согласно планот за наводнување во 2017 година.

  • За  годинава  се планира да бидат исчистени  50 километри канали за наводнување во атарите на неколку полиња во Кочанско. За прв пат после толку години од работењето на Водостопанство „Брегалница“ се почна со чистењето и подготовката на каналската мрежа  во месец февруари. Ова значи дека оваа наводнителна сезона ќе биде доста успешна - изјави Николчо Гоцев, директор на кочанскато водостопанско претпријатие.

Почетокот на наводнителната сезона, истакнува Гоцев,  е закажан за 15 април, до кога се очекува основната и деталната каналска мрежа да бидат целосно ставени во функција, иако многу нешта ќе зависат и од временските услови.

Според планот за сеидба годинава под ориз ќе се насеат пет илјади хектари, што е за околу 700 хектари повеќе од лани. Состојбата со акумулираните количества вода е оптимална за овој период од годината, а се очекува дека до почетокот на наводителната сезона, вештачките езера Калиманци, Ратево и Градче ќе бидат со максимален капацитет .

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Македонија