mksqen
19
Пет, Апр
0 Нови / 7 дена

Пристигнати 723 барања за надомест за купени и вградени прозорци

Пристигнати 723 барања за надомест за купени и вградени прозорци

Типографија

До Министерството за економија пристигнати се 723 барања за надоместување на дел од трошоците  за купени и вградени ПВЦ или алуминиумски прозорци во домаќинствата.

Барањата се доставуваа на јавниот повик објавен на 31 јануари годинава на веб-страницата на Министерството за економија и во дневните весници „Дневник“ и „Коха“.

За оваа намена во буџетот на Министерството за економија за 2017 година обезбедени се 20 милиони денари, а доделувањето на надоместокот ќе се врши по принципот „Прв дојден, прв услужен“, сѐ до искористување на средствата.

  • Доколку сите баратели, кои поднеле комплетна документација, го остварат право на надомест во максималниот износ од 500 евра, со обезбедените средства ќе бидат субвенционирани најмалку 635 домаќинства - велат од Министерството за економија и додаваат дека очекуваат да се поддржат околу 700 домаќинства, имајќи предвид дека можеби сите нема да го искористат максималниот износ на субвенцијата.

Со стимулативната мерка се надоместуваат дел од трошоците во износ од 50 отсто од вкупната инвестиција, но не повеќе од 500 евра во денарска противредност по домаќинство.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Македонија