mksqen
20
Саб, Апр
0 Нови / 7 дена

Амети: Поставувањето филтри единствено решение за проблемот со Југохром

Амети: Поставувањето филтри единствено решение за проблемот со Југохром

Типографија

Единственото решение за постоечкиот проблем во Југохром е поставувањето на филтрите со што ќе се сочува животната средина и здравјето на граѓаните, како и работните места на вработените.

Ова го истакна министерот за животна средина и просторно планирање Башким Амети на средбата со претставници на синдикатот од Југохром Јегуновце на која дискутирале за нивните барања и предлози за решавање на судбината на овој индустриски капацитет.

  • Министерот Амети пред претставниците на Синдикатот јасно го искажал својот став ниедно семејство да не остане без месечни приходи и ниеден вработен да не остане без работното место. Но од друга страна, министерот уште еднаш го потврдил ставот дека единственото решение за постоечкиот проблем е поставувањето на филтерите со што ќе се сочува животната средина и здравјето на граѓаните, како и работните места на вработените во Југохром - се вели во соопштението од Министерството.

Истовремено, се наведува дека министерот изразил подготвеност да ја поддржи секоја иницијатива за обезбедување социјален пакет за вработените во Југохром.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Македонија