mksqen
19
Пет, Апр
0 Нови / 7 дена

Зголемена порошувачката на вода во Крива Паланка

Зголемена порошувачката на вода во Крива Паланка

Типографија

Поради ниските температури потрошувачката на вода во општина Крива Паланка периодов е зголемена, информира директорот на Јавното претпријатие „Комуналец“ Томе Тодоровски.

Крива Паланка се снабдува со вода од околу 38 литри во секунда во  текот од годината, а изминатите неколку седмици потрошувачката е многу поголема.

  • Со успешно менаџирање  и централизиран систем на водоснабдување се обидуваме сите 5.000 домаќинства кои ги опслужуваме да бидат снабдени со вода. Но, периодов околу 3,000 домаќинства потрошуваат вода во многу поголеми количини од превенција да не замрзне, оставајќи ја истата непрестајно да тече. Сите тие трошат, според пресметките, околу 30 литри вода во секунда, што значи многу голем процент од целокупната вода во системот се троши нерационално - изјави Тодоровски.

Издашноста на изворите на Калин Камен, од каде се снабдува најголема количина вода во водоводнио систем, изнесува 26 литри во секунда.

  • Покрај 26 литри во секунда од Калин Камен, во градската мрежа се надополнуваат 12 литри во секунда од бунарскиот систем „Св. Никола“, како и дополнително по два до три литри од водоводите во Мечковци и Видња и оние во Конопница, Трнци и Деловодци. Во моментот нашите екипи работат на оспособување на бунарскиот систем  до градскиот резервоар од каде околу 8 литри во секунда дополнително ќе надополнуваат вода и градот ќе има задоволително ниво на притисок со вода во сите реони - додава Тодоровски.

Апелираше граѓаните да ги загреваат водомерите во шахтите, цевките во подрумските простории и да не ги оставаат отворени вентилите, да ја запрат водата, за, како што рече, не се јавува недостаток на вода во повисоките зони.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Македонија