mksqen
19
Пет, Апр
0 Нови / 7 дена

Апел: хранете ги птиците за да го преживеат студот

Апел: хранете ги птиците за да го преживеат студот

Типографија

Студеното време и снежната покривка го отежнуваат пронаоѓањето храна, и птиците во вакви временски услови гладуваат, велат од македонското здружение за заштита на бувовите. Тие ги повикуваат граѓаните да направат хранилки и да ги закачат на нивните тераси, дворови или прозорци, за да им помогнат на птиците.

  • Хранилката која ќе ја поставите ќе ви донесе многу интересни и убави моменти, ќе се зачудите колку разни видови птици живеат во вашата околина, ќе видите птици кои никогаш не сте ги виделе . На нашата хранилка секојдневно доаѓаат повеќе од 50 птици, успеавме да ги забележиме Големата сипка (Parus major), Плавата сипка (Parus caeruleus), Долгоопашеста сипка (Aegithalos caudatus), Еловата сипка (Parus ater), Малиот клукајдрвец (Dendrocopos minor), Циганчето (Phoenicurus ochruros), Црвеношијка (Erithacus rubecula), Дроздот (Turdus philomelos), Ѕвингалката - Зеба (Fringilla coelebs) и други - велат од друштвото.

Оттаму порачуваат дека треба да се нанижат сирови кикирики на јаже и да се изложат, а хранилка може да се направи од мрежеста вреќа за компири во која може да се стави помасна храна, за да ги стопли птиците. Тие во својата хранилка ставале сиров и нелупен сончоглед, кикирики  и една лажичка истопена маст која на студеното се стврднува и ја држи храната во мрежичкта, но и ја зголемува хранливата моќ на содржината.

  • Доколку се одлучите да им помогнете на птиците во вашата околина на овој начин, немојте да престанете со хранење во текот на целата зима. Следната зима очекувајте ги истите птички, заедно со нивните дечиња - велат од друштвото.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Македонија